Македонија
6. March 2025 - 16:32

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет

Министерството за финансии и Економскиот факултет при УКИМ денеска потпишаа Меморандум за соработка. Со него двете институции заедно ќе прават истражувања и анализи, ќе разменуваат литература, ќе учествуваат во проекти.

Покрај тоа, меморандумот ќе овозможи и организирање состаноци, работилници и конференции за усовршување на кадрите.