Македонија
10. October 2017 - 11:53

Погледнете ја приказната на Набиле (17) која со мајка си и помалиот брат избегале од Кабул а веќе 6 месеци живее во „Винојуг“

Ова е Гевгелија. На границата со соседна Грција, во овој македонски град минатата година поминаа илјадници бегалци. Едни бегаа од војна други од економски, трети од социјални неприлики. На сите нив заедничка им беше рутата и желбата за подобар живот во западно европските земји. Оваа граница многупати била граница на отпорот. На тагата и на очајот. Денес е мирна. Овде денес мигранти нема.

Краток е патот од границата до транзитниот камп Винојуг. Долг е од Винојуг до Англија, конечната дестинација на 17 годишната Набиле. Со мајка си и помалиот брат избегала од Кабул. Веќе 6 месеци живее во кампот.

Во Авганистан останала нејзината помла сестра. Со постариот брат пак се разделиле во Турција.

Неизвесноста е нивно секојдневие. Освен основните работи за да преживее, со себе понела и нешто што ќе и помогне да истрае.

За овие 6 месеци во кампот Набиле научила неколку македонски зборови.

Овде го прославила и роденднеот, a роденденскатa желба како и на секоја друга девојка на нејзини години.

Не знае кога ќе замине од овде. Но знае дека ако еден ден стигне до Англија, ќе учи напорно за да стане бизнис жена и мајка си да ја направи среќна. До тој ден, Набиле ја чекаат уште многу денови неизвесност во Винојуг.  Засега безбедна е овде.

Гевгелија е мала општина. Но подготвена. Свесно ги дочекаа мигрантите. И совесно се однесуваа кон нивните судбини.

Денес кога повторно се кршат копјата над нив, невладините со свој став за она што беше и она што треба допрва да биде.

Балканската рута денес е затворена. Винојуг скоро па празен. Но приказната на оние, раселените од дома, не завршува. Војни сеуште има, а се додека има кој да војува, ќе има кој да бега.