Живот
19. October 2015 - 12:21

Погледнете го магичниот рудник откриен од Александар Македонски

Рудникот за сол Кевра, кој бил откриен дури во 320 година пред новата ера од страна на војниците на Александар Македонски е вториот најголем рудник на светот.

Во неговите 40 километри долги тунели скриени се освелена џамија направена од камена сол, електрична железница и клиника за лечење астма.

rudnik4

Кевра се наоѓа јужно од пакистанската престолнина Исламабад, а годишно истиот го посетуваат повеќе од 250 илјади посетители.

rudnik2

Железницата во рудникот која била изградена уште во 30-те години на минатиот век и која тогаш ги извлекувала работниците од рудникот, денес служи за да ги пренесува туристите кои се заинтересирани да ги разгледаат необичните структури од сол кои светкаат во различни нијанси на розова и бела боја.

rudnik3

Рудникот и денес е најголем извор на сол во Пакистан, токму тука се произведуваат повеќе од 350 000 тони годишно, а ископувањата се вршат на 18 нивоа. Се со цел големиот рудник да не се сруши, само половина од пронајдената сол се ископува.

rudnik5

Експериментална клиника којашто е отворена во рудникот за лечење астма се повеќе привлекува пациенти од целиот свет.

Единствениот рудник за сол во светот, кој е поголем од овој во Пакистан, е рудникот Сифто во Канада.