Поезија на Јовица Тасевски-Етернијан во литературното списание „Сентинел“
Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан е објавена во познатото списание за светска литература „Сентинел“ од Лондон, кое се издава во печатена форма и на интернет. Излегува четири пати годишно, а освен поезија во списанието се објавуваат и раскази, драми, критики, есеи и интервјуа.
Ова е трета објава на поезијата на Тасевски-Етернијан во британската книжевна периодика каде што за песните на македонскиот автор се истакнува дека имаат „митски квалитети на сакрален текст... се одликуваат со оригинални слики, богат фигуративен јазик и повеќеслојни значења...извираат од моќна поетска имагинација“.
Јовица Тасевски-Етернијан е автор на шест поетски книги, а неговата поезија е преведена на дваесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во околу триесет држави.
Ново на Сител
-
За два месеци ќе се знае дали „Градски воз“ е исплатлив проект
-
Обвинителството почна постапка за малолетникот кој без возачка удри двајца тинејџери, но и за лицето што му го дало автомобилот
-
Министерот и градоначалниците во потрага по скопски деликвенти
-
Да се носи маска во болниците и клиниките - препорака од Министерството за здравство за заштита од грипот
-
СДСМ предложи свои мерки
-
Левица предложи патни трошоци за вработените
-
Милошоски: Уставни измени со одложено дејство е добро решение
-
Димитриевски: Сакам да ги слушнам сите аргументи