Поетски портрети и „Поезија на пат“ на Струшките вечери на поезијата

Учесниците на 55 Струшки вечери на поезијата, покрај во Струга свои творби денеска ќе читаат и во Ресен и Охрид во рамки на проектот „Поезија на пат“.
На програмата на јубилејното издание на СВП денеска е и портретот на минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, Виолета Танчева-Златева, како и поетските читања „Кругови“ во кои учесниците читаат поезија на отворена сцена кај истекот на реката Црн Дрим, кај плажата „Галеб“. Новина годинава е „Поетско кафе“, кое претставува одлична можност за меѓусебно дружење на учесниците и пообемно да го претстават своето творештво.
Педесет и петтите Струшки вечери на поезијата почнаа синоќа со традиционалното читање на Константиновата Т’га за југ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, а по официјалното отворање од министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и директорот на СВП Мите Стефоски, продолжи со Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“. Годинашната добитничка на највисокото фестивалско признание „Златен венец“,канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд, која не присуствуваше на официјалното отворање преку видео порака се заблагодари за наградата. Изрази жалење што неможе да присуствува, но рече дека духовно е со нас и се заблагодари што нејзината поезија е преведена на македонски јазик.
Традиционалното садење на дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златниот венец“, канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд ќе се одржи в сабота во Паркот на Поезијата.
На јубилејните 55. Струшки вечери на поезијата ќе учествуваат 32 поети од 30 земји. Присутни ќе бидат поети од соседството, Италија, Австралија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Белгија, Израел, Унгарија, Кина, Калифорнија, Мексико, Шпанија, Франција, Ирска, Индија,...
Ново на Сител
-

Кувајт протера ирански дипломати по смртоносните напади
-

Во ДР Конго потврдени 344 случаи на ебола, 60 пациенти починаа
-

МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег
-

Скопје ќе биде престолнина на европскиот кикбокс – Македонија домаќин на Европското кикбокс првенство 2026
-

МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег
-

Се бара притвор за Стефан Богоев, примил мито од 111.600 денари и наместил тендер за чистење гранични премини
-

КБК „Шампион“ со 12 медали на Балканското првенство во Нови Сад
-

ФФМ ја суспендираше Шкендија од Купот за 2026/27 по одбивање на медалите на финалето против Силекс
