Македонија
16. August 2024 - 16:51

Подметнат пожар во расадникот на булеварот Борис Трајковски во Скопје

Синоќа во 03.36 часот во СВР Скопје, од страна на граѓанин било пријавено дека било забележано едно лице како намерно запалило сува трева во расадникот на булеварот Борис Трајковски во Скопје, соопшти МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Увид извршила полициска екипа и се преземаат мерки за расчистување на случајот.