Подготвителни активности за изградба на покриен зелен пазар во Охрид
Со дислокација на тезгите отпочнаа подготвителните зафати за изградба на затворениот пазар во Охрид. Дел од тезгите ќе бидат поставени на паркиралиштето во рамки на пазарот, како и на неколку дополнителни локации во градот.
Веднаш штом бидат заокружени подготвителните активности, ќе стартува изградбата на покриениот зелен пазар, за што веќе изведувачот ја има добиено потребната документација и одобрение.
Според проектот, пазарот ќе се простира на површина од 1.200 метри квадратни, со подземна гаража со стотина паркинг места, како и два ката деловен простор нас самиот пазар. Според најавите, се очекува изградбата да трае некаде околу 18 месеци од почетокот на изградбата.
Изведувач на работите е АД „Илинден“ од Струга, избран по пат на тендер за доделување на договор за јавно приватно партнерство.
Ново на Сител
-
Труење со салмонела: Затворени сендвичара во Аеродром и ресторан во Влае
-
ЗНАМ и ВРЕДИ повторно со спротивни ставови за употребата на албанското знаме
-
Тема на денот со Максим Ацевски, главен државен ревизор
-
Мицкоски ќе земе 500 милиони евра позајмица од Орбан
-
Мицкоски: Сакаме да бидеме добри соседи, но не со свиткана кичма
-
Давкова: Младите на доброволна основа да може да отслужуваат воен рок
-
Искршени детски игралишта, се бараат сторителите
-
Пожарот во Неготино се уште активен