Подготовка на стратешки план за социјална вклученост на старите лица
Црвениот крст на Република Македонија и Здружението „Хуманост“ од денеска до 3 јуни во Струга ќе одржат национален состанок за подготовка на стратешки план за работа на мрежата на граѓански организации за социјална вклученост на старите лица.
Состанокот е во рамки на регионалниот проект „Преземање акција за социјална инклузија на старите лица“, финансиран од Европската Унија.
- На националниот состанок ќе биде презентиран извештајот од направената анализа на ситуацијата во Македонија на стратешки документи, политики кои го третираат прашањето за стареење на населението во Македонија, како и капацитетите на граѓанските организации во земјата за застапување, врз основа на кој ќе се подготви стратешкиот план за работа на мрежата, соопшти Црвениот крст на РМ.
На состанокот, кој ќе го отворат генералниот секретар на Црвениот крст на РМ Саит Саити и Мери Т. Павловска, заменик-претседател на здружението „Хуманост“, ќе учествуваат претставници на граѓанските организации кои ќе бидат членови на мрежата, како и претставници на владини институции, организации на Обединетите нации во Македонија и на Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Ново на Сител
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија
-
Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци
-
Продолжува протестот на УПОЗ
-
СДСМ: Власта да им ги зголеми платите на административците
-
Нови авио линии
-
Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?