Нови авио линии
Инфраструктурното поврзување со воведување нови авио линии но и преку изградбата на автопатот Охрид Кичево ќе донесе бројни нови туристи во Македонија и ќе го олесни патувањето на нашите граѓани во странство.
На охридскиот аеродром, новина се линиите Охрид-Базел-Охрид која ќе лета два пати неделно и редовната линија Охрид-Истанбул-Охрид која ќе лета четири пати неделно.
Со најавената реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродором пак ќе се зголемат капацитетите и можностите во главниот туристички центар.
Воведувањето на нови авиолинии се очекува да има значајно влијание врз туризмот, локалната економија и движењето на патници. Зголемувањето на бројот на дестинации ќе овозможи подобра поврзаност на Македонија со остатокот од Европа и светот.
-
Нина Аритиновска
Сите содржини од овој новинар