Подгорица: Уапсен маж кој продал 13-годишно девојче со цел да склучи детски брак
За 42 годишно лице од Црна Гора со иницијали Ф.Е има сомнение дека сторил кривично дело ,,трговија со луѓе'' на штета на 13-годишно девојче. Поднесена е кривична пријава од страна на припадниците на Регионалниот центар за безбедност „Центар“ – Одделот за обезбедување Подгорица, постапувајќи по сознанијата што им ги соопшти Центарот за ромски иницијативи Никшиќ, соопштува полициската управа во Црна Гора.
– Се сомничи дека на 16 јули со злоупотреба на доверба и зависност го регрутирал засегнатото девојче со цел да склучи незаконски детски брак, при што се стекнал со противправна корист од 10.000 евра – соопшти полицијата.
Трговијата со луѓе, односно продажбата на девојчиња со цел брак, за жал не е ретка појава во Црна Гора.
Со години се регистрирани случаи на продавање на девојчиња за различни суми на пари, најчесто од роднини. Поради ова неколку лица завршија на суд.
Ново на Сител
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница