Македонија
11. December 2021 - 11:55

Поддршка од ЕПП за Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ

Европската народна партија и изрази поддршка на сестринската партија ВМРО-ДПМНЕ, пред утрешниот Конгрес кој што ќе се одржи во Скопје.

-На утрешниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ им го посакуваме најдоброто. Сметаме дека партијата во следните неколку години ќе одговори на клучните предизвици, како борбата против корупцијата, владеењето на правото, економскиот развој, со цел земјата да продолжи по нејзиниот евроатлантски пат, стои во објавената поддршка на социјалната мрежа на Твитер од страна ЕПП.