Подароци од општината Ѓорче Петров за социјално загрозените семејства

Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ градоначалникот на општината Сокол Митровски на повеќе од 50 социјално загрозени семејства денеска им додели вредносни ваучери за облека и храна.
Во акцијата се вклучија градинката „Росица“ и Црвениот крст на Градот Скопје. Градинката организираше хуманитарна акција за собирање облека која ја предаде на Црвениот крст кој издаде повеќе од 50 ваучери кои загрозените семејства ќе ги користат во продажните пунктови.
Ова е традиционална акција која секоја година, пред новогодишните празници, се одржува во општината под мотото „Делата зборуваат погласно од зборовите“.
- Денешната хуманитарна акција е само еден од хуманите подвизи на општината која никогаш не ги заборава семејствата на кои им е потребна помош. Вредносните ваучери и ваучерите за облека ги поделивме на оние на кои им се најпотребни пред Новогодишните и Божиќните празници. Заедно ја споделивме предпразничната радост, а најмладите членови на нивните семејства ги израдувавме со новогодишни пакетчиња. Нашиот хуман подвиг го реализиравме и тоа мене како градоначалник ме прави среќен, истакна градоначалникот Митровски.
Ново на Сител
-

Денес се празнува Преподобен Јоаким Осоговски
-

Трамп: Со Венецуела е постигнат „најголем договор за нафта во историјата на светот“
-

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и топло, наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
