Македонија
8. April 2017 - 18:40

Почувствуван земјотрес во Дебар, Тетово, Гостивар и Скопје

Во Дебар, Тетово, Гостивар, Скопје и околината е почувствуван земјотресот  што се случи попладнево во 15:53 часот во соседна Албанија со епицентар во граничното епицентрално подрајче Дебар-Пешкопеја, со интензитет од 4,8 степени според Рихтер, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија, во Дебар земјотресот е почувствуван со интензитет од пет степени, во Тетово и Гостивар со четири степени, а во Скопје и околината од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 50 километри северозападно од Тирана.