Почнува снимањето на филмот „Златна петорка“
Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски, поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија влегува во фаза на продукција и реализација на одбраните локации за снимање. Филмот е во продукција на „Револушн“ - Скопје, копродуценти се Македонската телевизија и Арт-попкорн од Белград, а помагатели на проектот се општините Струмица, Босилово и Василево.
Сценариото за овој македонски филм е работено по драмски и прозни мотиви на писателот Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и Билјана Гарванлиева заедно со косценаристот Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, тонот е на Дарко Спасовски-Пацки, една музичка нумера во филмот изведува групата „Баклава“, а филмот ќе го монтира Андрија Зафрановиќ.
Во „Златна петорка“ играат актерите: Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Александар Ристевски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски, Дине Дрваров, Стојан Велков и други.
Првата клапа на филмот „Златна петорка“ ќе падне в понеделник на 19 октомври во Струмица и снимањето ќе трае четири недели во Струмица и струмичкиот регион. Филмот се очекува да биде завршен за кино-прикажување следната година со премиера на некој од светските филмски фестивали, соопшти продуцентската куќа „Револушн“ .
Ново на Сител
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“