Почнува расправата за Буџетот за 2016 година

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја почне расправата по предложениот Буџет за 2016 година.
Според предлогот вкупните расходи се проектирани на 195.788 милиони денари, кои се за 4,7 проценти повисоки од оние во 2015 година, а вкупните приходи се проектирани на 176.804 милиони денари каде има зголемување за 6 проценти во односна 2015 година.
Основни карактеристики на буџетот за 2016 година според предлагачот се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 отсто оваа година на 3,2 проценти следната година и зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестици, со цел да се поттикне развојната компоненета на буџетот.
На приходната страна се очекува даночните приходи да имаат раст од 6,5 проценти и да изнесуваат 101.531 милион денари, неданочните се планирани на 9.633 милиони денари и се за 519 милиони повеќе, а придонесите да имаат раст од 4,2 проценти и да изнесуваат 49.187 милиони денари.
На расходната страна, покрај средствата предвиени за повисоки пензии и социјални додатоци, се предвидени средства повисоки за 3,3 проценти за платите или 25.906 милиони денари, за стоки и услуги се проектирани 19.618 милиони денари или 3,5 проценти повеќе од 2015 година, обезбедени се средства за изборите во април 2016 година, како и за трансфери. За здравствена заштита се предвидени 1.334 милиони денари, предвидени се зголемени трансфери за единиците на локалната самоуправа за обезбедување рамномерен регионален развој, како и 141 милион евра за субвенции за земјоделците. Капиталните расходи се проектирани на 25.092 милиони денари и се за 12,9 проценти повеќе од оние во 2015 година.
Растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 проценти.
На дневен ред на оваа седница е и Предлог - законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка во второ читање.
Во Собранието седници ќе одржат и Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
-

Мицкоски: Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
