Почнува првиот „Киненова Филм Фест Скопје“
Со проекцијата на бугарскиот филм „Слава“ од 2016 година, во режија на Петар Валчанов и Кристина Грозева, вечер во кино Култура почнува првиот Меѓународен филмски фестивал „Киненова Филм Фест Скопје“, во чиј фокус е творештвото на филмски автори од целиот свет, кои се на почетокот на кариерата.
Фестивалот ќе се одржува до 9 октомври годинава во Скопје на две локации, во кино Култура и Кинотека на Македонија.
Идејата за формирање на „Киненова 2016“ доаѓа од режисерот, сценарист и продуцент Небојша Јовановиќ, кој е и директор на фестивалот. Целта на фестивалот е да открие нови авторски имиња кои надоаѓаат во светот на филмот и да им даде јасна поддршка и поттик, но и простор каде тие ќе ги претставуваат и афирмираат нивните филмски дебитантски дела.
На „Киненова Филм Фест Скопје“ има две натпреварувачки програми: главна програма (официјална селекција) и официјална селекција на кратки филмови. Во главната програма на фестивалот, освен „Слава“ ќе бидат прикажани и филмовите „Длабочини 2“, „Фаќање“, „Прекин“, „Два лоза“, „Бафало“, „Џонатан“... Во ревијалниот дел на фестивалот се предвидени Панорама на светски филм, Балкански преглед и Прв и последен филм на истакнат филмски автор, каде ќе бидат прикажани филмови од Корнелиу Порумбоју од Романија.
На фестивалот ќе бидат доделени неколку награди-награда за најдобар долгометражен филм, за најдобра режија, за најдобро сценарио. За нив ќе одлучи стручно жири составено од Разван Радулеску, Мира Фурлан, Галина Тонева, Мето Јовановски и Марио Мацарото. Тие ќе доделат и награда за најдобар краткометражен филм.
Публиката ќе додели награда за најдобар филм според публиката на фестивалот од Главната програма.
Во рамки на фестивалот ќе се одржат филмска работилница и мастер клас.
Ново на Сител
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски утре ќе го доставува предлогот за Влада до Собранието до недела на полноќ треба да се избере владиниот кабинет
-
Шест години од потпишувањето на Преспанскиот договор
-
Проф. Садикарио: Од Струшкиот медицински факултет ќе излегува импровизиран кадар, а тоа е многу опасно
-
Миле Јанакиевски по 6 години поминати од затвор излезе на слобода