Почнува Охридскиот хорски фестивал
Дваесет и два хора од 11 држави ќе учествуваат на Охридскиот хорски фестивал што деветти пат ќе се одржи од денеска до 29. овој месец.
Фестивалот традиционално е составен од ревијален и натпреварувачки дел во неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачки дел, потоа концерти на духовна музика, поп и фолк вечери.
Отворањето на фестивалот ќе се одржи во 19 часот во хотелот „Инекс Горица“, по што во 21 часот ќе следуваат настапи на хоровите на повеќе локации на отворено во центарот на Охрид. В петок во 10 часот ќе се одржи Духовен концерт во католичката црква „Св.Кирил и Методиј“, а натпреварувачки концерти се предвидени во 17 часот и 18 часот во „Инекс Горица“.
В сабота во истата сала со почеток во 11 часот ќе се одржат поп - натаите, а натпреварувачките концерти ќе бидат во 17 и 18 часот во хотелот „Инекс Горица“. В недела е предвиден „фолк концертот“, додека за во понеделник од 10 часот се финалните натпревари.
Подготвеноста на хоровите ќе ја оценува жири-комисијата составен од тројца реномирани музичари и тоа Габор Ковач од Унгарија, Запро Запров од Македонија и Илија Рајковиќ од Србија.
Во рамки на фестивалот ќе бидат одржани и предавања за хорско диригирање и интерпретација.
Ново на Сител
-
МАЕИ дел од изборната коалиција предводена од ДП на Бериша
-
Кривична за директор на основно училиште во Делчево
-
48-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во близина на „Негорски бањи“
-
На полицаец во Крушево му го украле пиштолот
-
Топ-10 листа најплатени глумци за 2024 година
-
Му се слошило додека работел, 31 годишен Косовец почина во Гостивар
-
Средба на премиерот Мицкоски со неговиот унгарски колега Орбан
-
Во тешка состојба пронајдена двегодишната Дуња откако исчезна од пред семејната куќа во Уб