Македонија
4. March 2025 - 12:03

48-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во близина на „Негорски бањи“

На 03.03.2025 во 14.18 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат во близина на комплексот „Негорски бањи“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(41) од  с.Собри, валандовско и мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(48) од с.Негорци, гевгелиско, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и на пат кон болница, починал во возило на Итната медицинска помош. Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.