-->
-->
Почнува исплатата на средствата од Мој ДДВ – граѓаните чекаат 5,4 милиони евра
-->
За околу 200 000 евра се намалила сумата која граѓаните ќе ја земат како поврат во рамки на проектот Мој ДДВ во однос на средствата кои државата им ги вратила во првите 3 месеци од годината.
За последното тримесечје на сметките на оние кои скенираат фискални треба да легнат 5,4 милиони евра. Според податоците на Управата за јавни приходи од април до крајот на јуни скенирани се над 41 милион фискални сметки на кои е направен промет нешто помалку од 350 милиони евра. За ова тримесечје граѓаните ќе добијат 15% од платениот ДДВ од фискалните сметки, додека за тековните 3 месеци заклучно со септември граѓаните ќе инкасираат 1/5 од платениот ДДВ за домашните производи и 10% за странските.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски