Македонија
30. July 2015 - 17:02

Почнува десет дена Крушевска Република

Додека во Крушево кулминира културната манифестација “Крушево- етно град”, највисокиот град на Балканот веќе е подготвен и за стартот на традиционалните научно-културни средби “Десет дена Крушевска Република”, во чии рамки годинава се одбележува и 112-тата година од Илинденското востание и 110-тата годишнина од загинувањето на првиот претседател на Крушевската Репблика, Никола Карев. 
 
 Манифестацијата годинава се одржува под покровителство на претседателот на државава - Ѓорѓе Иванов, и во  десетте дена на нејзиното одржување истата ќе изобилува со бројни културни и музички манифестации, а за прв пат ќе биде одржана и научна трибина на тема: “Илинден во историскиот континуитет и создавањето на македонската држава”.