Почнува циклусот инфо-сесии за полесна примена на законите во бизнисот
Со информативниот настан „Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и Законот за безбедност и заштита при работа“ денеска во Велес, почнува циклусот инфо-сесии што го организираат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и „Епицентар Интернационал“.
Инфо-сесиите се дел од проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, а нивната цел е надминување на тешкотиите со кои се соочуваат македонските микро, старт-ап, мали и средни компании при имплементирањето на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог.
Како што најавија Стопанската комора и „Епицентар Интернационал“, предвидено е до 7 јуни годинава да се одржат вкупно 18 инфо-сесии во десет градови, Велес, Куманово, Тетово, Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и Скопје. Земјоделството, текстилот, градежништвото, ИКТ и туризмот се клучните сектори што ќе бидат опфатени со дискусиите на информативните настани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден