Почнува 12.Фестивал на новиот германски филм
Со прикажување на филмот „Мед во главата“ од и со Тил Швајгер вечер во 20 часот во киното „Милениум“ во Скопје под мотото „Сакам филм“ ќе биде отворено 12. издание на Фестивалот на новиот германски филм.
Во рамки на Фестивалот, како што соопштуваат од Амбасадата на СР Германија, ќе бидат прикажани десет актуелни германски продукции во десет македонски града.
- Режисерот Швајгер е најпопуларниот актер во Германија и успешен продуцент. Неговиот филм „Мед во главата“ со над 7 милиони гледачи беше најуспешниот филм на годината во 2015. Во рамки на филмскиот фестивал од 6 до 9 октомври ќе бидат прикажани уште девет други филмови во кино „Фросина“, МКЦ: комедии, драми, трилер, детски и семејни филмови, се наведува во соопштението од Амбасадата.
Филмови ќе бидат прикажани и во Куманово (на 10 октомври), а потоа и во Прилеп, Битола, Охрид, Велес, Кавадарци, Тетово, Струмица и Штип.
Филмовите може да се видат во оригинал на германски јазик со македонски поднаслови (во Тетово со албански). Изборот покажува пресек на опширната германска кинематографија од последните две години, поддржана од јавни средства.
Сите филмови имаат добиено награди и се наменети за публика над 12 години, а детските над 6 години. Филмовите нудат можност, Германија својата култура, историја и општество да ги претстави на широка публика. Тие се случуваат во Германија, но пораките се универзални и разбирливи за сите гледачи.
Се тематизираат разнообразни области на човековиот соживот, љубовта и проблемите во врските, семејството и пријателството, училиштето и пубертетот, староста, болеста и смртта.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг