Македонија
8. March 2017 - 19:23

Протестен марш за иницијативата „За заедничка Македонија“ во Неготино

Протестен марш вечерва по петти пат се одржа и во Неготино. Пред присутните кои маршираа за заедничка Македонија говореше Олгица Димитрова, професор по македонски јазик и литература во Средното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј".

- Оваа држава има свој Устав и свој закон, а со платформата на малцинството во Македонија, покрај македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, има воведување на албанскиот јазик и неговото писмо, рече Димитрова.

Таа повика на одбрана на јазикот зашто во спротивно, рече, се урива уставниот поредок на државата.