Македонија
31. May 2022 - 18:55

Почнаа редиците на бензинските пумпи | ФОТО

По информацијата за огромното зголемување на цените на нафтените деривати почнаа да се создаваат редици пред бензинските пумпи.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за девет денари по литар, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит,соопшти денеска Регулаторната комисијата за енергетика (РКЕ), додавајќи дека поскапува и дизелот, за девет денари за литар. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува 104,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 106,50 ден/лит. Литар дизел ќе чини 95 денари. Цена на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за осум и пол денари за литар и ќе изнесува 93 денари.