Македонија
22. April 2019 - 10:50

Почна теренската вакцинација против морбили во скопските училишта

Вакцинални тимови од Здравствен дом Скопје излегоа на терен во училиштата во Скопје и почнаа да спроведуваат теренска вакцинација против морбили.

Во текот на денот планирано е да се посетат 11 училишта и да бидат опфатени со имунизација 480 деца.

Претходната теренска вакцинација според здравствените власти беше неуспешна бидејќи од 3800 деца МРП примиле само 300.

Оваа вакцинација во училиштата ќе се спроведува со присуство или дозвола од родител. Мерката е со цел спречување на епидемија од мали сипаници која минатата недела беше прогласена на ниво на цела држава.

 

Александар Динев