Македонија
18. December 2017 - 15:29

Почна судењето за обид за убиство на Тодоров

Во Кривичниот суд денеска почна судењето за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара која почина пред две години чекајќи Фондот да и одобри средства за операција во странство, на 1 јуни годинава пред Министерството за здравство со гасен пиштол пукаше во Тодоров, кој не беше повреден. 

Стојановски се товари за „обид за убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Судот му определи притвор на Стојановски, поради постоење опасност од бегство и опасност од извршување на истото кривично дело.

Адвокатката на Стојановски, Павлина Зефиќ на почетокот на судењето побара да биде изземена судијката Софија Лаличиќ, бидејќи ја има во прислушуваните разговори што ги објави СДСМ.