Почна со работа новата гранична служба на ЕУ

Ова е важен момент за Европа и секој од нас по извесно време ќе биде горд оти бил тука, изјави денеска бугарската вицепремиерка и министер за внатрешни работи Румјана Бачварова на официјалната церемонија со која беше означен почетокот на функционирање на новата Европска служба за погранична и крајбрежна заштита.
- Тоа ќе значи поефективна, посолидарна и партнерска соработка во заштитата на границите, во име на сите европски граѓани, додаде Бачварова на церемонијата на граничниот премин „Капитан Андреево" на границата меѓу Бугарија и Турција, на која присуствуваа и бугарскиот премиер Бојко Борисов и европскиот комесар за миграција и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос.
Аврамопулос во обраќањето нагласи дека е среќен што денеска присуствува на церемонијата. - Оваа Агенција е симбол на ЕУ, рече Аврамопулос.
Европската служба за погранична и крајбрежна заштита е формирана со одлука на Европскиот совет на 14 септември годинава, а нејзиното седиште е во Варшава. Службата располага со над 1.500 погранични службеници за брзи интервенции во конфликтни точки долж европските граници.
Новата гранична служба ќе ја замени досегашната Агенција за контрола на надворешните граници - Фронтекс и ќе биде опремена со пловни објекти, летатела и автомобили.
Нејзина задача ќе биде и да пружа помош при враќање на мигранти кои незаконски влегле во ЕУ и на странци кои без дозвола престојуваат во Унијата, како и да прибира разузнавачки информации за поголема безбедност на државите членки на Европската унија.
На почеток припадниците на новата служба ќе бидат распоредени на бугарската граница кон Турција, преку која минуваат главните канали за илегален влез на мигранти во ЕУ.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
