Почна протестот против пресудите во случајот „Дива населба“
На плоштадот Скендербег“ во Скопје почна протестот против изречените пресуди на обвинетите во случајот „Дива населба“.
Се очекува учесниците на протестот од плоштадот Скендербег да се упатат кон Собранието на Република Македонија каде по кратко задржување по истата маршута ќе се вратат назад и ќе протестираат пред Основниот суд Скопје 1.
Организаторите на протестот бараат меѓународна истрага и ревизија на случајот кој, според нив, е уште една неправда кон Албанците во Македонија. Покрај за Диво Насеље се бара слобода и за други осудени Албанци за случаите Монструм, Бродец и други.
Забележително е зголемено присуство на полицијата, а МВР утринава соопшти дека поради протестот сообраќајот во централното градско подрачје во Скопје ќе биде пренасочен.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите