Почна јавната седница во скопска апелација за случајот „Таргет-Тврдина“

По една година од кога беше објавена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, денеска во Апелациониот суд Скопје, почна јавната седница за жалбите поднесени од обвинетите Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и останатите обвинети за овој предмет, кој се однесува на масовното незаконско прислушување на стотина граѓани на Северна Македонија, во период од 2008 до 2015 година.
За овој случај, Основниот Кривичен суд – Скопје на 26 февруари 2021 година изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни.
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од страна на првостепениот суд е казнет со казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. Додека, обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, доби четири години казна затвор за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Судија известител на денешното рочиште во апелација е судијата Енвер Беџети, а како застапник на Вишото Jaвно обвинителство Скопје е обвинителот Елвин Вели.
Ново на Сител
-

Тошковски: МВР делува неселективно еднакво спрема сите етникуми и навивачки групи
-

Во првиот месец од примената на „Безбеден град“ до Основниот кривичен суд Скопје поднесени вкупно 476 приговори
-

Одземени шест лиценци на компании за одгледување кабанис, Мицкоски очекува тој број да се зголеми во следниот период
-

МВР: Уапсена Ј.Ѓ. (27) од кривопаланечко, попречувала инспектори на АХВ да одземат крави
-

Мицкоски за Груби: Нема никаква логика да сум се договорил со оние што сакаат да го видат мојот политички крај
-

Мицкоски: За ЕУ нема да водиме мекотелна политика
-

Ѓорѓиевски со порака за 22 години од смртта на претседателот Трајковски: Неговата визија останува патоказ
-

Кривична за Фатмир Дехари и две други лица, го оштетиле буџетот на Кичево за 1.400.000 денари
