Почна изградба на хидројаловиште на рудникот „Саса“
Рудникот за олово и цинк „Саса“ -Македонска Каменица почна со градежните работи за изградба на новото хидројаловиште, инвестиција вредна над шест милиони евра. Максим Профоров директор за развој и инвестиции во рудникот „Саса“ вели дека новото хидројаловиште број четири е продолжение на старото и се уште активно.
- Изградбата на хидројаловиштето се состои од три дела. Првиот дел е изградба на опточен тунел, односно пробивање на опточен тунел кој е во карпа. Одводнување на Петрова Река, која што е сега од десна страна, со цел тие води да немаат допир со новото јаловиште и директно да одат во реката Каменица. Третиот дел е иницијална брана, врз која после ќе се складира јаловина и врз која фактички ќе се формира новото јаловиште, вели Прохоров.
Тој забележа дека оваа инвестиција е од големо значење, а поддршката од Владата им значи бидејќи минатата година ја добиле концесијата за проширување на експлоатацијата на рудата, за што инвестирале и дополнителни 20 милиони евра со цел рудникот да опстои и во наредните години, односно до 2029 година.
- Создадени се и услови за понатамошни подземени и површински геолошки истражувања, што ќе ни покажат какви се перспективите на рудникот за понатаму. За да имаме ние каде да ја складираме јаловината, после технолошкиот процес на производство на концентрат, затоа и ја почнавме изградбата на ова ново хидројаловиште, вели Прохоров.
Генералниот директор на рудникот „Саса“, Александр Раков вели дека рудникот со новото хидројаловиште, чија изградба треба да заврши до 2018 година значи и нов живот на рудникот.
- Лани пуштивме нови хоризонти за откопување на руда, а оваа година со изградба на новото јаловиште. Со тоа ние имаме услови за развивање на програма за рудникот, како што рече Прохоров до 2029 година. Им се заблогодарувам на државните органи и на локалната самоуправа за подршката која ја имаме и за сите наши развојни планови и се надеваме дека рудникот со таквата поддршка ќе продолжи да се развива, вели Раков.
Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Дарко Митевски истакна дека како рударски град им е важно оваа гранка да се развива, а како локална власт покрај инвестициите во рударството им е значајна и заштитата на животната средина и здравјето на луѓето.
- Заедно со Министерството за локална самоуправа активно работиме на запазување на сите еколошки стандарди при изградбата на овие капитални објекти. Со тоа што ќе создадеме иднина и функционирање на рудникот „Саса“ и секако на Општина Македонска Каменица, вели Митевски.
Главен изведувач на изградбата на ново хидројаловиште на рудникот „Саса“ е градежната фирма „Трансмет“.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок