Почна и во Ерменија: Вооружена група држи заложници, има мртви и повредени
Осуммина полициски офицери се земени како заложници од група вооружени лица, кои изутринава ја нападнале зградата на полицијата и на внатрешните воени сили на Ерменија во регионот Еребуни во Еревен, со барање за ослободување на опозициионер.
Меѓу заложниците се заменик-началникиот на полицијата на Ерменија, генерал-мајот Вардан Егиазарјан и заменик-началникот на полицијата на Ереван полковник Валериј Осипјан, изјави пратеникот во Парламентот, Никол Пашинјан.
Тој од изутринава се наоѓа на местото на инцидентот и преговара со напаѓачите. Според него вооружената група бара „оставка на раководството на Републиката и ослободување Жираир Сефилијан“.
- Група ерменски опозиционери го зазедоа седиштето на полициската патрола и инспекција во Ереван, соопшти денеска ерменската Служба за државна безбедност, отфрлајќи ги како лажни тврдењата дека станува збор за „востание“.
- Денеска група вооружени лица упаднаа на територијата на ерменската полициска партола и инспекција и под закана со насилство, таму како заложници држат заробени луѓе, се наведува во соопштението.
- Истовремено опозициските приврзаници шират лажни информации преку медиумите дека и социјални мрежи дека почмало вооружено востание и обид за заземање на институциите, се додава во соопштението.
Ерменската служба за безбедност наведува дека во тек се преговори со вооружените лица, со цел тие мирно да се предадат.
Некои медиумите јавуваат дека во инцидентот едно лице е убиено, а едно рането, додека ТАСС, цитирајќи извор на полицијата јави дека нема убиени лица во инцидентот.
Прес-службата на полицијата претходно денеска соопшти дека група опозиционери ја зазеле полициската станица и оти бараат оставка на власта.
Приврзаниците на опозиционерот Жираир Сефилијан, кој е уапсен на 20 јуни и обвинет за организирање криминална група, објавија дека планираат да ја променат ситуацијата во Ерменија преку вооружено востание, се наведува во соопштението на опозициската група.
- Веќе ја зазедовме една од главните полициски бази во Ереван и го контролираме квратот Еребуни во јужниот дел на престолнината, тврдат опозиционерите.
Ново на Сител
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата
-
Македонците се условени да прифатат диктат откажувајќи се од самите себе, вели историчарот Панов
-
Преговорите за Влада во напредна фаза се уште нема конечен договор за Министерствата
-
Македонија во фокусот на грчката јавност
-
Продолжува хаосот на хирургија - 6ти ден не работат операционите сали