Почна демонтажата на времениот објект на покривот од ГТЦ
Времениот објект на покривот на Градскиот трговски центар денеска почна да се отстранува согласно одлуката на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Со активностите ќе се изврши демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, како и демонтажа на покривот и на челичната конструкција над подот, соопштија од Град Скопје.
-По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Во предвид беа земени општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на архитекти и иницијативата „Го Сакам ГТЦ”, Град Скопје донесе одлука за демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за „зелен покрив“ на ГТЦ, се посочува во соопштението.
Во меѓувреме, се работи на останатиот дел од покривот. Во текот на следната недела, како што се најавува, ќе почне поставувањето на земјената подлога, а кон крајот на овој месец може да се очекува поставувањето на првото зеленило.
Ново на Сител
-

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга
-

Променливо облачно и посвежо
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
-

Автобус се запали на автопатот Велес-Скопје
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
-

ФФМ упати осуда за навредливо и недолично однесување на ФК Вардар
