Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што информира ОЈО, при претрес во домот на улица „Илинденска“ во Тетово, во кој осомничениот живеел како потстанар, полицијата пронашла вкупно околу 44 грама кокаин и околу 3 грама метамфетамин. Дрогата била спакувана во повеќе помали пакувања и наменета за илегална продажба, а во станот била пронајдена и дигитална вага со траги од наркотици.
Поради околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и ризик осомничениот да продолжи да го врши кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од тетовскиот суд достави предлог за определување мерка притвор.
МИА
Ново на Сител
-

Достојно ќе биде одбележан споменот на Светите Кирил и Методиј во бигорскиот скит посветен на солунските браќа во село Битуше
-

ЕК ги поздрави усвоените изборни закони во Србија
-

Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради израелско мешање
-

Уапсен крадец во Гостивар за издржување на казна затвор од 16 месеци
-

МОБ: Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, кој остави длабока трага во македонската музичка култура
-

Ракометарите на Вардар го пречекуваат Тиквеш
-

КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук
-

Оперскиот пејач Ристе Велков меѓу загинатите во тешката сообраќајна незгода
