Бизнис
6. July 2015 - 19:52

Почна да се гради фабрика фабрика во индустриската зона во прилепско, најавени 50 вработувања

Индустрискиот капацитет за откуп,  производство и преработка на замрзнат зеленчук и овошје, вреден еден и пол милиони евра, е третиот стопански капацитет кој започна да се гради во Индустриската зона “Славеј” во општина Кривогаштани.
 
Според проекциите на домашните инвеститори, во стартот, новата фабрика треба да обезбеди 50 вработувања и сигурен годишен пласман на 5000 тони готов производ на американскиот пазар.
 
Подготвителните работи кои се во надлежност на ЛС за изградба на објектот, веќе се во тек.
 
Во Индустриската зона “Славеј”, покрај оваа, веќе изградена е и Фабрика за преработка на зеленчук, а во фаза на подготовка е и Сточарска фарма.