Почна 11. издание на Октоберфест во Скопје
Над 1.700 гости од бизнис секторот, амбасадори, претставници од медиумите и културата, присуствуваа на отворањето на 11. издание на Октоберфест во Скопје, во организација на Македонско-германското стопанско здружение.
Фестивалот беше отворен на традиционалниот начин на кој се означува почетокот и на Октоберфест во Минхен. Со дрвен чекан беше пробиен чепот на првото буре со пиво, а со изреката „О'запфт ис“ (тапата е отворена) почна вчерашната прослава.
-Во Германија на Октоберфест кој трае 14 дена се пијат 6,7 милиони литри пиво, на Октоберфест во Скопје за една вечер се пијат 5000 литри пиво. Се надеваме дека со овој настан на кој Пивара Скопје е наш домаќин ќе успееме да ја доближиме културата на пиење пиво во Македонија, рече на отворањето на манифстацијата Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во РМ.
Ново на Сител
-
Седници на шест собраниски комисии
-
На Попова Шапка -10 степени и 44 сантиметри снег
-
Седница на Државната изборна комисија
-
Три земјотреси во текот на ноќта во Македонија
-
Груби преку социјалните мрежи појасни дека е Косово во приватна посета
-
Синоќа полициска акција на неколку локации низ државата
-
Премиерот Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори
-
Предлог-законот за унгарскиот заем пред пратениците