Седници на шест собраниски комисии

Во Собранието денеска седница ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за култура и туризам, за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правна комисија.
Предлог-одлуката за испраќање припадник на Армијата на Северна Македонија за учество во меѓународната операција на ЕУ „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, во второ читање, е единствена точка на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.
На дневен ред на Комисијата за култура и туризам се неколку предлог-закони, сите во прво читање, меѓу кои и Предлог-законот за изменување на Законот за употребата на македонскиот јазик. На дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за аудиовизуелните добра и на Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, измените на Законот за филмската дејност, на Законот за музеите, на Законот за заштита на културното наследство и други.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар на население, во прво читање е единствена точка на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се 19 предлог-закони, сите во прво читање. Меѓу нив се измените на Законот за финансиска дисциплина, на Законот за административните такси, на Законот за даночна постапка, на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, на Законот за супервизија на осигурување, на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за државната ревизија, измени на Законот за хартии од вредност.
Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање треба да дискутираат за Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2025 година и Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2025 година.
Законодавно-правната комисија ќе расправа за закони што веќе поминале на матичните комисии.
Ново на Сител
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
