Почина Проф. Др. Александар Ношпал
По кратко боледување почина Проф. Др. Александар Тоде Ношпал, роден на 08 ноември 1945, во Скопје.
Ношпал беше дипломиран машински инжењер, дипломирал 1969 на Електро-Машински факултет - Скопје.
Станал Магистер на науки во 1974, на Универзитет на Ајова, Ајова Сити, САД, во областа на Механиката и Хидрауликата. Во 1980 се стекнал со титулата „Доктор на науки“, на Универзитет во Белград (СФРЈ).
Работел како редовен професор на Машински факултет, Институт ХПА - Хидраулика, пнеуматика, автоматика (академски звања: 1969 - асистент, 1977 - предавач, 1981 - вонреден професор, 1986 - редовен професор).
Од 1986 - 1991 - Заменик на претседателот на Републичкиот комитет за наука, технолошки развој и информатика (сега Министерство за наука и образование). Во 1990 - 91ва година бил вршител на должноста Претседател; Универзитет на Ајова, Ајова Сити, САД, на Институтот за Хидраулично истражување, звање - асистент за научно-истражувачка работа.
Држел настава на повеќе предмети од областа Хидротехника, пнеуматика и автоматика. Научен интерес: применета и експериментална механика на флуиди, струјно-технички мерења, хидраулични машини, автоматика.
Издал преку 200 научни и стручни трудови, проекти, студии, рецензии и друго, публикувани во земјата и странство.
Престои во повеќе познати светски универзитети и научни институции. Значајни изборни функции и именувања во Факултетот, Универзитетот и Државата.
ЕУ ТЕМПУС академски експерт и член на повеќе професионални здруженија и тела.
Погребот ќе се одржи на 13.04.2025, недела, на градските гробишта во Бутел, од 13:00 часот.
Ново на Сител
-
Зеленски предлага 30-дневно, наместо 30-часовно примирје, како што објави Русија
-
Продолжуваат протестите во Турција поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул
-
Почина Тоше Поп-Симонов
-
Москва и Киев разменија воени заробеници пред Велигден
-
Собир на вработени во РТС: Ако раководството не ни се обрати итно – ќе сметаме дека се повлекле
-
Пронајден возачот кој во Скопје со „фиат” удри во тротинет
-
Путин објави велигденско примирје - запираат сите воени операции
-
Бискуп Киро: Велигден не познава ,,наш" и ,,ваш" календар - да се молиме за заедничко чествување затоа што тој му припаѓа на Христос