Граѓански здруженија излегоа на протест: Да кажеме „не“ за штедењето на сметка на здравјето на луѓето
Во време на криза, се соочуваме со кратења од здравствени услуги, кратења од превенција на болести, недоволни буџети за лекување за различни групи пациенти, граѓани исклучени од пристап до основна најосновна здравствена заштита и сето ова се претставува како штедење и домаќинско работење, алармираа граѓански здруженија на денешниот протест пред Влада.
Андреј Сених од здружение „Заедно посилни“ појасни дека целта на протестот е да се каже „не“ на штедењето на сметка на здравјето на луѓето.
Според Хајди Штерјова Симоновиќ, Извршен директор на ХОПС, кратењето на буџетот од превентивните програми за превенција од ХИВ, значи исклучување на неколку илјади граѓани и нивните семејства од системот за здравствена и социјална заштита.
–Министерот за здравство минатата недела јавно изјави дека секој денар вложен во превенција во здравството и штеди на државата седум денари потоа за лекување, прашањето е тогаш зошто Владата и Министерството кратат дури 40 проценти од превентивните програми за превенција од ХИВ во државата, ова кратење во пракса значи исклучување на неколку илјади граѓани и нивните смејства од системот за здравствена и социјална заштита, ова кратење значи затворање, веќе се затворија некои од центрите каде со години наназад се вложувале странски и домашни инвестиции за да се градат тие ресурси, социјална држава никогаш не крати на здравство и во социјалата, социјална држава инвестира таму каде што е најпотребно, изјави Штерјова Симоновиќ.
Додаде дека бараат да запре кратењето на средствата од здравствените програми, да се воведе прогресивен или данок на луксуз и да се дава приоритет на мерките за обесправени граѓани.
Од здружението ЕСЕ истакнаа дека според тоа каде државата ги алоцира и троши буџетските средства може да се види кои се нејзините приоритети.
-Според наодите на Светската банка , Македонија во изминатите 15 години континуирано ги намалува здравствените торшоци како процент од Бруто домашниот производ и е единствена земја која континуирано ги намалува здравствените трошоци. Буџетот за превентивна здравствена заштита на Министерството за здравство претставува само 9 проценти од буџетот, што значи дека превентивната здравствена заштита не е прироритет на оваа држава во изминатата декада, па и повеќе, потенцира Борјан Павловски, Координатор за Јавно здравје и Женско здравје.
Додаде дека, иако буџетот е низок секоја година во изминатата деценија Министерството кратело по 10 проценти од буџетот за превентивните програми.
-Оваа не засега сите, така на пример поради тоа што нема доволно средства за програмата за скрининг на рак на грло на матка секоја година умираат 40 жени од рак на грло на матка, нешто кон кое се сртемат земјите во ЕУ, да не дозволат да умре ниту една жена, појасни тој.
Алмира Фасљии Муарем од „Иницијатива на жени од Шуто Оризари“ апелира да запре кршењето на правата на заштита на здравјето.
-Денеска сме тука да укажеме дека сме загрижени од кратењето на буџетот на мерките од програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца, особено од мерката која предвидува бесплатни прегледи и лабораториски прегледи во текот на бременоста, поврзани со бременоста, како на пример бесплатно породување за лица без документи за идентификација е намалена за дури 120.000 денари во однос на претходната година или во пракса тоа би значело дека само една до две жени ќе може да ја искористи оваа мерка, рече Фасљии Муарем.
Воедно истакна дека во програмата целосно нема буџет за мерката која предвидува бесплатна фолна киселина за секоја жена, мерка која според неа е најпотребна за жените од социјално ранлива категоприја.
Од здруженијата информираа дека уште од почетокот на февруари испратиле неколку барања за средба со министерот, но дека не разговарале, и покрај тоа што министерот изјавил дека е отворен за дијалог.
Ново на Сител
-
Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани
-
Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење, вели неговиот адвокат
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем и брза заедничка гранична контрола, имплементација пред летната сезона
-
За три дена во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 270 мигранти и уапсени петмина криумчари
-
Трамп предлага намалување на царините за Кина на 80 проценти
-
Кривични пријави за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици во Куманово
-
Шаја Лабјуф за кавгата со Алек Болдвин: Беше тензично на пробите
-
Малолетничка дала 25.000 евра на ученици кои ја уценувале дека ќе го претепаат нејзиниот брат доколку не им даде пари