Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење, вели неговиот адвокат
Треба да се индивидуализира и да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, особено мора да се цени во духот на законот, фактот што Васил Јованов придонесе за ефикасно завршување на постапката и ја призна вината, беше кооперативен и соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење, изјави бранителот на Васил, адвокатот Сашко Дуковски, по завршување на денешното рочиште за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.
Дуковски, во изјава за медиуми пред Основниот кривичен суд Скопје, повика да се остават институциите да донесат одлука врз основа на законот, а не врз начелото „око за око“, „заб за заб“.
- Сакам да имате предвид еден многу битен факт, се работи за човек којшто има 20 години. Категорично ја призна својата вина. Ова не е ни првата, ни последна сообраќајка во Република Македонија и тоа покажува дека таква млада личност, е личност со интегритет и дека и неговото семејство е со интегритет и имаше доблест и да признае и да се сноси со сите последици што ќе дојдат после неговото признание, изјави Дуковски.
Посочи дека Васил од почетокот бил цел на оркестрирани напади и јавен линч.
- Се надевам дека конечно видовте дека сето она што беше објавувано дека Васил е убиец, наркоман, ѓавол, дека возел со 170, дека избегал, па не дошол три часа на лице место, дека сето тоа е нотарна лага. Ќе се согласите со мене, не знам дека видовте дека цело време во исказите на оштетените читаа од нивните мобилни телефони, што значи дека некој им ги подготвува тие говори, а така настапуваат од првиот ден, изјави Дуковски.
Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов, откако на судењето што почна денеска во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид официјално објави дека Анчелоти заминува на крајот од сезоната
-
Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него, Унијата е со вас
-
Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба
-
УК за радиотерапија и онкологија апелира за смиреност и доверба во персоналот
-
Мицкоски: Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да почнеме да сметаме на Европа
-
Двајцата пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, не патувале надвор од државата, вели Андоновска
-
Во Појасот Газа пристигна уште помош, додека ОН предупредуваат на проблеми со дистрибуцијата
-
Русија три дена под масовен напад со дронови