Живот
19. January 2016 - 9:47

Почина најстариот маж во светот

Најстариот маж во светот, Јапонецот Јасутаро Коиде почина денеска во 112. година од животот.

Коиде е роден на 13 март 1903 година, а на прашањето за тајната на неговата долговечност, тој велелЧ

- Најдобро нешто е да се избегне претерано да се работи и да се живее со уживање.

Коиде, ниту пиел, ниту пушел во животот.

Титулата најстар мажво светот ја доби во август минатата година.

Најстарата личност во светот е 116 - годишната Американска Сјузан Машет од Њујорк.