Почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД
На 84-годишна возраст почина поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт.
Нејзината смрт беше потврдена во имејл до персоналот на групата „Олбрајт стоунбриџ“, глобална стратешка фирма основана од Олбрајт.
Таа беше првата жена државен секретар на САД, која помогна да се води западната надворешна политика по Студената војна.
За време на својот мандат, Олбрајт значително влијаеше врз американската политика во Босна и Херцеговина и на Блискиот Исток. Таа го навлече гневот на голем број Срби во поранешна Југославија за нејзината улога во учествувањето во формулирањето на политиката на САД за време на војната во Косово и војната во Босна, како и на остатокот од Балканот. Но, заедно со претседателот Бил Клинтон таа и понатаму остана главна популарна фигура во остатокот од регионот, особено во Босна и Херцеговина, Косово и во Хрватска.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани