-->
-->
Почина доајенката на македонскиот балет Натка Пенушлиска-Митровска
-->
Доајенката на македонскиот балет, примабалерината Натка Пенушлиска-Митровска, почина на 88 години, објави Националната опера и балет.
Родена во Скопје на 24 април 1934, Пенушлиска-Митровска се здобила со балетското образование во Средното балетско училиште во Скопје и кај познатите педагози Јегорова и Преображенскаја во Париз (1953-1954). Модерен балет учела во Цирих и Каштел Камбеловец.
Членка на Балетот при МНТ беше од 1949 до 1972. Балетската кариера ја почнала на 14-годишна возраст, играјќи ја главната улога на Марија во „Бахчисарајска фонтана“ од Асафјев, првиот целовечерен балет поставен на сцената на МНТ. Ги играше сите главни улоги од програмата на балетскиот ансамбл, станувајќи синоним за балетската уметност во Македонија. На Југословенското балетско биенале во Љубљана во 1960 беше прогласена за најдобра класична балерина.
Меѓу нејзините улоги се истакнуваат Сванилда во „Копелија“, Аурора во „Заспаната убавица“, Ела во „Ѓавол на село“, Одилија во „Лебедово езеро“, Жизел во „Жизел“ и Јулија во „Ромео и Јулија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полицијата го идентификуваше лицето со пиштол во раката во близина на „Скендербег“
-
Претрес во Куманово, приведен дилер на дрога
-
Кривична против лицето кое фрлаше „молотови коктели“ на протестите пред Собранието
-
Вечерва не е планирана седница за разгледување на предлог-преговарачката рамка во Собрание
-
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните и денес од 19 часот, уште помасовно, мирно и достоинствено да се приклучат на протестот против францускиот предлог
-
Левица: Оставка од Спасовски и Османи заради сценирање насилство
-
24 годишно момче почина по пад при градежни работи
-
Милошоски ги претстави шесте забелешки кои ВМРО-ДПМНЕ ги посочи како клучни кон францускиот предлог