Македонија
3. July 2017 - 21:13

Детали новите земјотреси во Охрид и околината

 
Вечерва во Охрид и околината се почуствуван три нови земјотреси. Земјотресот со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала беше почуствуван во 20 часот и 28 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
 
Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Охрид и околината со интензитет од пет степени според Европската Макросеизмичка Скала.
 
Претходно земјотрес со јачина од 3,9 според Рихтер беше регистриран и во 20:03 часот. И овој земјотрес бил почувствуван во Охрид и околината со интензитет од пет-шест степени според Европската макросеизмичка скала.
 
Во 18:14 часот бил регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала. Потресот бил почувствуван во Охрид и околината со интензитет од пет степени според Европската макросеизмичка скала.
 
Епицентарот на трите земјотреси бил во охридското подрачје.
 
Најсилниот земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала се случи во 13:18 часот и предизвика вознемиреност кај граѓаните, а пријавени се и оштетувања на објекти. По овој земјотрес во текот на денот имаше уште десетина земјотреси со магнитуда поголема од 2,5 степени според Рихтеровата скала.