Македонија
5. March 2023 - 11:34

Почина бебето болно од туберкулоза

Почина деветмесечното бебе кое на 24-ти февруари беше хоспитализирано на Детската клиника во Скопје во тешка здравствена состојба. Бебето беше сомнително на туберкулоза и неухрането, односно тежело само 3 килограми, што е несоодветно за возраста.

Надлежните служби се уште проверуваат дали бебето било запоставувано. Станува збор за предвремено родено бебе.