Почина актерот Љубе Терзијев
Синоќа на 72-годишна возраст почина актерот Љубе Терзијев, долгогодишен член на велешкиот театарски ансамбл, информираат од велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.
Како актер прво работи во Народниот театар во Штип од 1971 до 1975 година, а во Народниот театар „Јордан.Х.К.Џинот“- Велес е од 1975 година, па се до пензионирањето во 2014 година.
Терзијев има остварено голем број на театарски улоги меѓу кои посебно се издвојуваат Џими во „Вејка на ветерот“, Јасон во „Медеја“ , Ампо во „Чорбаџи Теодос“ , Герард во „Младоста пред суд“,Оливер Кромвел во „Кобното тркалце“,Цермонијал Лужин во „Злосторство и казна”, Липовски во „Кукавично јајце“, Чорбаџи Миладин во „Сомнително лице“,Бордир во„Крал Иби“,Жевакин во „Женидба“,Супериус во „Пеш“, Господинот Диманш во „Дон Жуан“, Мисајле во „Хамлет од Долно Дивјаци“, Степан во „Предлог за брак“(„Брачни понуди“), Господ во „Утешение грешним“,Духот на Едип во „Антигона“,Кадмо во „Бакхи“, Василие во „Радован III-ти“,Џон Фримен во „Четвртата сестра“ и други.
Погребот на актерот Љубе Терзиев е утре ,4 февруари 2022 година, во 12:30 часот на гробиштата во црквата „Св. Пантелејмон“ во Велес.
Ново на Сител
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Медиуми: Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии
-
Престрелка на границата САД - Мексико