Македонија
3. October 2021 - 16:44

Почина 73-годишник по пад од кров

Маж паднал од кров при што починал на лице место.

- На 02.10.2021 околу 10,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Ајватовци додека Ѓ.С.(73) од Скопје извршувал градежни работи на кров од куќа во с.Ајватовци сопственост на М.С.(72) паднал од кровот, при што починал на лице место, соопштува МВР.

Од итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Скопје и известен е трудов инспектор.