Манифестација „Среќна баба Марта“ во Крива Паланка
Манифестација насловена „Среќна Баба Марта“ со повеќе настани посветени на значењето и старата традиција за доаѓањето на март ќе се одржи в сабота во Крива Паланка.
Организатор е локалната установа Градски Музеј-Крива Паланка во соработка со општината и „Хаемос“, Центар за научни истражувања и промоција на културата - Скопје.
- Манифестацијата ќе започне со отворање на традиционална меѓународна изложба на мартинки од подрачјата на Македонија, Бугарија и Романија, која ќе биде поставена во галерискиот простор на музејот, предавање за значењето на популарниот празник „Мартинци“ во Македонија и областите каде тоа се задржало, што ќе го одржи професор д-р Зоранчо Малинов од Институтот за Фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, а ќе се реализира и работилница за правење традиционални мартинки во која ќе бидат вклучени децата, изјави Драган Величковски, директор на Градскиот музеј во Крива Паланка.
Планирано е да се одржи и базар на рачни ракотворби со ракотворци од Североисточниот регион, а на саемот ќе се продаваат и ракотворби изработени од членови на „Хаемос“.
Настанот се одржува под мотото „Подарете мартинка за среќа, љубов и здравје“, а почетокот е закажан за 12 часот во Градскиот музеј-Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од СПМ
-
САД и Украина го потпишаа договорот за пристап до ретките минерали
-
ССМ на протест за повисоки плати и подобри услови за работа
-
Трамп: Канадскиот премиер Карни ќе ги посети САД следната недела за склучување трговски договор
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 30 минути
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
-
Убиен пратеник во Кенија