Кошарка
17. April 2019 - 13:53

Победи на Торонто, Денвер и Портланд

Во првата рунда од НБА плејофот ноќеска беа одиграни три натпревари. 
 
На Истокот. Тимот на Торонто не дозволи ново изненадување, па во вториот меч против Орландо забележа убедлива победа со 111-82 за израмнување на резултатот на 1-1 во победи. Каваи Ленард и Калј Лаури со 37 односно 22 поени беа најзаслужни за оваа победа на „Рапторси“ 
 
И Денвер не му дозволи на Сан Антонио да ја забележи втората победа. Иако „Нагетси“ губеа и со 19 поени разлика на крајот забележаа победа со 114-105 . Четворица кошаркари во победничката екипа постигнаа 20+ поени, а најзабележителен беше Србинот, Никола Јокиќ кој оствари дабл-дабл со 21 поен и 13 скока.
 
Предноста на домашниот терен максимално ја искористи Портланд кој до втората победа над Оклахома стигна со синоќешниот триумф со со 114-94. Мекалум беше прв стрелец во победничката екипа со 33 поени, за која Лилард придодаде 29.
 
Следните два натпревари во серијата подобар до четири победи, ќе се играат во Орландо, Сан Антонио и Оклахома Сити.