-->
-->
Победи на Карпош Соколи и Фени Индустри во БИБЛ лигата
-->
Македонските претставници во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ), Карпош Соколи и Фени Индустри забележаа победи во натпреварите од Б групата одиграни синоќа.
На дуелот во Скопје, составот на Карпош Соколи за кој дебитираше поранешниот репрезентативец Бојан Трајковски, ја совлада екипата на Трепча со 85:69. Во втората победа на „соколите“ во БИБЛ лигата, Трајковски партиципираше со 16 поени, додека Кенрик Пери постигна 18, а Драган Лабовиќ 17 поени.
На гостувањето во Тирана, кај истоимената албанска екипа, победа со 72:63 забележа Фени Индустри.
Бранислав Џекиќ со 18 поени беше најефикасен во кавадаречкиот состав за кој ова беше четврта победа во БИБЛ.
Синоќа се одигра и еден натпревар во А групата, Пеќ по продолжение минимално со 76:74 ја совлада Сутјеска.
А група - табела: Куманово 5-2 (победи-порази), Берое 4-2, Башкими 3-4, Теодо 3-3, Кожув 1-5 и Сигал Приштина 2-2.
Б група - табела: Фени Индустри 4-2 (победи-порази), Сутјеска 4-2, Тирана 3-4, Карпош Соколи 2-5, Трепча 2-4 и Пеќ 3-1
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Власта и опозицијата побараа Ахмети да каже каде е Груби
-
По Буши, се проширува истрагата за кртовите на полициските акции
-
Мицкоски: Ќе се бара одговорност од членови на Судски совет според Устав и законите
-
Агелер за Судскиот совет
-
Работничка добила отказ бидејќи планирала да забремени со Ин витро – КСЗД утврди дискриминација
-
СДСМ: Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК
-
Ако поскапат основните производи по само еден час ќе ги замрзнеме цените, рече Дурмиши
-
5те базени што ги гради државата ќе бидат готови до крајот на летото