Loading Video...
Кошарка
1. May 2019 - 11:58

Победи на Голден Стејт и Милвоки во вторите дуели со Хјустон и Бостон

 
 
Шампионот Голден Стејт ја оствари втората победа против Хјустон во полуфиналето на западната конференција од НБА плај-офот.
 
„Воините“ славеа пред својата публика со 115-119, а триото Дурент (29), Томсон (21), Кари (20) заедно постигнаа 70 поени, додека Дрејмонд Грин натпреварот го заврши со дабл-дабл ефект од 15 поени и 12 скока. Кај гостите Харден постигна 29 поени. Следните два меча се играат во Хјустон. 
 
 
Најдобриот тим во регуларниот дел од првенството, Милвоки не дозволи ново изненадување, па ноќеска го победи бостон со 123-102 со што го а да израмни резултатот на 1-1 во полуфиналната пресметка на Истокот. Јанис Антетокумпо постигна 29 поени со 10 скока, Крис Мидлтон заврши со 28 поени, а Ерик Бледсо постигна 21 поен. 
 
Бостон ќе биде домаќин на следните два натпревари во серијата подобар до четири победи.